fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ

 

 

Почитувани новинари, почитувани медиуми,

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со погубната стратегија на кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните.

Потврда за тоа се поднесувањето  на стотици и илјадници амандмани на еден закон и  незакажувањата на продолженијата на комисиските седници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани.

Ваквите блокади на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго, туку директна штета на илјадници засегнати граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им одговори на граѓаните зошто го блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, потоа Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба?

Деструктивните блокади на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат, граѓаните се изморени од нив.

Затоа на 12 април Христијан Мицкоски и неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети за работењето против интересите на граѓаните и државата. Граѓаните ќе порачаат  режим повеќе никогаш!

Последни вести