fbpx

Социјалните реформи на СДСМ извлекуваат од сиромаштија и обезбедуваат грижа за секое семејство, социјалната помош порасна за 300%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст, Борче Божиновски, член на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Почитувани, 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Комисијата за труд и социјална политика при СДСМ ги честитаат празниците на сите граѓани и граѓанки!

Како одговорна партија поставивме цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи во нашето општество, за обезбедување повеќе пари во секое семејство, за обезбедување соодветна грижа на нашите најмлади.

За само две и пол години успеавме да ги исполниме ветувањата дури и пред предвидениот рок што го дадовме во јуни 2017та година!

Денес, повеќе ниту едно дете не живее во институциите во Република Северна Македонија! Сите се преселени во мали групни домови, односно во места каде им се овозможува на децата квалитетен раст и развој и еднаква основа за понатамошен успех како и на сите други деца кои растат во семејна средина.

Денес, просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари споредбено со просечната пензија од јуни 2017та.

Денес, со изградба на новите градинки се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитување на деца со предучилишна возраст и со тоа  се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Денес, 12 илјади стечајни работници  добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање.

Денес, минималната плата во Република Северна Македонија изнесува 14.500 денари, што претставува покачување од 60% споредбено со минималната плата во индустриите како што се текстилната, кожарската и чевларската каде во 2017та година таа изнесуваше 9.000 денари.

Денес, преку реформите со системот за социјална заштита, финансиската поддршка за 30.000 семејства е зголемена просечно за 300%.

Денес, зголемувањето на платите во приватниот сектор е субвенционирано за износи до 6.000 денари од лице.

Денес, нашите сограѓани и сограѓанки живеат во општество кое е на прав пат да стане социјална држава како што е и наведено во нашиот Устав – држава која што ќе се грижи за сите!

СДСМ е на прав пат во градењето на фер и праведно општество за сите, општество каде сите имаат еднакви можности.

Среќни празници на сите!

Последни вести