fbpx

Со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ во опозиција, заврши времето на мешање на извршната во судската власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Х.Локвенец, пратеник од СДСМ 04.01.2020

П: За дополнителниот заменик министер за земјоделство има кривична пријава, тој вели дека тоа е реваншизам од СДСМ?

Мешањето во третата власт е нешто кое не е карактеристика на ова парламентарно мнозинство и на оваа извршна власт. Да ги оставиме правосудните органи да ја извршуваат својата работа а за опозицијата мислам дека нема потреба да зборуваме. Тие, таа нереформирана опозиција покажува дека останува да функционира како во изминатиот период додека беа мнозинство и на власт, ги покажуваат нивните ставови дека извршната власт треба да се меша во правосудната, што  е минато во оваа држава. Македонија никогаш повеќе нема да се врати во форматот на заробена држава, никогаш повеќе извршната власт нема да се меша во третата, во правосудната власт и сигурно, сите ние заедно одиме напред кон евроатлатнските вредности.

 

Последни вести