Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со деструктивното однесување на штета на интересите на граѓаните и државата.
Свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието значи кршење на Уставот загрозување на остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО.
Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција.
Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.
Овој парламентарен состав има чест и обврска да ги спроведе зацртаните цели што обезбедуваат полноправно членство на државата во НАТО.
Затоа, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат Законот за одбрана кој е важен и за нашето членство во НАТО, но уште поважен за припадниците на нашата армија.
Деструктивното, антидржавно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитано од граѓаните, од јавноста.
Граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и постојано и на секој начин покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција и набрзо ќе го казнат таквото однесување.
Граѓаните се определија за членство во НАТО и брзи евроинтеграции и тоа ќе го потврдат на 12 април, кога уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.