Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата.
Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се токму тоа – обиди да се спасат криминалците во нивните редови.
Мицкоски не се грижи за граѓаните, не се грижи за правдата. Негова единствена грижа е неговата фотелја во белиот дворец и одбрана на криминалите на луѓето што го поставија во таа фотелја.
Се што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.
Тоа е единствената грижа на Мицкоски, а не правдата, како што ја лаже јавноста.
Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.
Случајот со Мијалков е последниот пораз, последниот дебакл на Мицкоски.
Сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа, со што пропадна и неговата главна задача за која што Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани,
Сега, патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над Законот.
Државата веќе не е заробена од поединци кои ја користеа за нивно лично богатење. Денес имаме силна правна држава, држава во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.
Мицкоски останува осамен во белиот дворец, осамен на браникот на криминалот и останува во опозиција затоа што не нуди ништо друго освен лажни вести и одбрана на криминалот.