Одговор на новинарско прашање, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
Прашање: Владиниот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски излезе со неколку тези, точки како да се надмине македонско-бугарскиот спор. Кој е ставот на партијата дали ове точки се прифатливи за владеачката партија како можност за надминување на спорот и постигнување на договор?
Одговор: Нашите ставови се различни од изнесените ставови на господиниот Георгиевски. СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање.
Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Нити се разговарало, нити во иднина ќе се разговра на оваа тема.
Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки.