fbpx

ВМРО- ДПМНЕ го блокира Законот за одбрана, работи против НАТО членството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Јован Митревски, пратеник од СДСМ

 

Наместо да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на Законот за одбрана, на еден крајно лицемерен начин, на штета на државата и членството во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивни политики кои се на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

Со своето однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и со самото тоа го ставаат под ризик нашето членство во НАТО и создаваат ризик да испровоцираат ново вето од Грција.

Лицемерно е на Мицкоски и на пратениците да им пречи името Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. Членка на НАТО, а да не им пречи кога во Европската народна партија, се партија од Република Северна Македонија.

Ги повикувам од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана затоа што тој е важен и за нашето членство во НАТО и да ги прекинат политикантските лицемерни игри.

Улогата на Собранието е да работи во интерес на граѓаните а не на штета на државата.

Уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија. Преспанскиот договор и уставните измени се клучен елемент во процесот на нашето зачленување во НАТО, без Договорот нема НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција, а единствено се заинтересирани за заштита на криминалот во сопствгените редови.

Нашата татковина ќе продолжи напред, ние нема да дозволиме напредокот да биде блокиран или закочен. Казната за ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Будимпешта, доаѓа на 12 април.

Последни вести