Прес конференција на СДСМ, Златко Леов, член на Комисијата за економија на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Факти, аргументи и официјални податоци се доказ за успешноста на економските мерки и реформи на СДСМ.
Од држава во која работникот беше маргинализиран, бизнисите завршуваа со катанец на врата, а макро и микро економијата на државата тонеа, денес, имаме економија која е стабилна и развојна, конкурентни бизниси и мотивирани работници.
За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за цели 5.500 денари.
Минималната плата почнувајќи од декември е порасната на 14.500, со тоа 66 илјади денари или 1100 евра годишно дополнителни средства ќе имаат граѓаните со најниски примања.
Заврши времето кога работниците беа дискриминирани, заврши времето на поделби, денес сите работници примаат еднаков минимален месечен надоместок без разлика во која област работат.
Токму минималната плата е акцелератор за покачување на сите плати, со што спиралата за раст на платите продолжува да носи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните.
За само две и пол години, просечната плата во нашата држава, порасна за над 3.200 денари. А на годишно ниво тоа значи дека таа е зголемена за околу 39.000 денари или 650 евра.
Го поддржуваме и растот на платите во приватниот сектор – покриваме до 6.000 денари на придонеси за покачени плати.
Во буџетот за 2020 година, за оваа мерка се обезбедени 2,4 милијарди денари и се очекува да бидат опфатени 25% од вработените.
Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување на платите од минимум 600 до максиум 6.000 денари, а државата го покрива придонесот за зголемувањето.
Реформите на СДСМ се доказ дека со домаќинско и одговорно работење парите се враќаат назад кај граѓаните.
Остануваме посветено да работиме во интерес на граѓаните.
Градиме конкурентна и развојна економија, вложуваме во човечкиот капитал и се грижиме за нашата иднина.
На прав пат сме.