Прес конференција, Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ
Почитувани,
СДСМ го враќа спортот на прав пат.
После 11 годишните неправди од страна на ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на спортистите.
Со донесување на одлука на Владата, спортските објекти ги враќаме на матичните Општини. Тоа се случи и во Општина Карпош со салата Партизан, во Општина Кисела Вода со салата Расадник, и во oпштините Куманово и Радовиш, со тоа што самите спортски објекти веќе се достапни за сите граѓани, сите спортисти и сите спортски работници.
Сега полесно ќе ги користат, без никакви проблеми.
На прав пат сме!