fbpx

За прв пат преку мерката МојДДВ, државата враќа пари директно на сметките на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Дијана Војновска – член на ИО на ОО СДСМ Тетово

 

Почитувани,

Kонцептот на СДСМ, повеќе пари кај граѓаните, се реализира и дава одлични резултати.

Секој денар плус во семејните буџети на нашите граѓани е важен, почитуван и добредојден!

Преку мерката МојДДВ за прв пат државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните.

Минатата недела започна исплатата на поврат на ддв-то на граѓаните кои скенираа фискални сметки преку проектот МојДДВ за периодот од јули до септември.

185 илјади корисници на МојДДВ скенирале 38,5 милиони фискални сметки.

Со тоа над 3 милиони евра се враќаат на граѓаните во првите три месеци од реализацијата на проектот.

Досега е исплатен поврат на ДДВ кај над 16 000 граѓани, а до крајот на оваа недела средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки и кај останатите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во овој период преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.

Сите кои скенирале фискални сметки ќе ги добијат средствата од повратот на ДДВ назад, никој нема да биде изоставен!

Почитувани,

Преку овој проект добиваат граѓаните, но добива и државата.

Граѓаните бараат фискални сметки од трговците, издадените фискални сметки значат и платен данок на државата, а со тоа граѓаните имаат важна улога во сузбивањето на сивата економија.

Институциите работат во интерес на граѓаните.

УЈП денес прерасна во модел за професионална организација, препознатлива според најдобрите практики и стандарди за квалитет.

Институциите во државата се професионализирани и повеќе не се користат во ничиви лични или партиски интереси туку се грижат за зачувување на јавниот интерес.

Само со чесно и првично работење во интерес на граѓаните, одиме напред.

Владата на СДСМ ги зголеми платите, ги зголеми пензиите, ги зголеми субвенциите, ги враќа парите преку повратот на ДДВто.

Реално се зголемува стандардот на граѓаните и парите се враќаат кај граѓаните.

На прав пат сме.

 

Последни вести