fbpx

Горди сме на членството во НАТО, тоа е успех на СДСМ но и на сите наши граѓани!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како државотворна партија пред граѓаните се обврзавме дека ќе ја обезбедиме иднината, дека ќе ги оствариме клучните стратешки интереси.

Денес, по Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, може со гордост, со крената глава, да кажеме: успеавме!

Горди сме на успехот на државата и благодарни за поддршката, ова е заеднички успех на сите наши граѓани.

Секој наш сограѓани, секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… има чувство на победа и има причина да биде горд. После години стагнација пред вратите на НАТО, сега сме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз.  

Нашето место е онаму каде што беше и нашето знаме, меѓу насилните, најмоќните, најбогатите демократски земји во светот.

Со учеството на самитот на НАТО, нашата татковина ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќниот воен и политички сојуз заснован на демократски вредности.

Обезбедивме цврсти граници за безбедна иднина на нашите деца, за сите наши граѓани!

Процесот на Ратификација на Протоколот за пристапување е на самиот крај, останува само уште Шпанија.

Веќе е извесно дека влегуваме во безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територија и стануваме фактор за стабилност во регионот.

Тоа е остварување на нашата стратешка цел и суверен избор што беше направен пред 25 години. Членството во НАТО е аспирација на многу минати генерации, остварување на нашата сегашна генерација и визија за идните.

Не беше лесно, но храброста, визијата, државотворните политики на ова лидерство, на СДСМ, покажа дека кога се мисли на иднината, на државата, може да се успее. Тоа е вистински патриотизам.

НАТО не носи придобивки само за безбедноста и стабилноста, туку и за економијата и развојот на целокупното општество.

Членството во Алијансата носи нови и големи странски инвестиции во економијата, инвестиции кои отвораат нови работни места и поттикнуваат раст на платите и извозот.

Економските придобивки се веќе видливи. Откако се откочија интеграциите и стана извесно дека сме на прав пат и дека стануваме членка на НАТО, сумата на странски инвестиции значително порасна.

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, има 457 милиони евра странски директни инвестиции.

Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции.

Тоа се 300 милиони евра повеќе сега, со СДСМ, отколку во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот тренд на раст на странските инвестиции но и севкупен раст на економијата очекувано е дополнително да се засили откако и официјално ќе пристапиме како 30 земја членка на Алијансата.

Со членството во НАТО се создава можност компаниите од нашата земја да учествуваат во  тендерски постапки за потребите на НАТО алијансата. Се работи за пристап до значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра. Тоа ќе биде дополнителен ветер во грб за нашите компании.

Политиките и храбрите чекори што ги презедовме како одговорна и државотворна партија даваа резултати.

Ако го погледнете резултатот на новиот Индекс за глобален мир ќе видите дека нашата држава, навистина, и во очите на оние што објективно ја анализираат, бележи сериозен напредок по прашањето на мир и стабилност. Ако во 2017 година сме рангирани на 103 место со Руанда и Јордан, две години по ред нашата земја е земја со најголем напредок на оваа листа на Индекс на мир и стабилност. Во првата година го подобривме својот рејтинг за 15 места, а во последната година за 23 места, и од 103 место, денес сме на 65 место. Единствена држава што за толку краток период бележиме толку брз раст.

Од изолирана и поделена земја, со кревка економија, денес сме држава со конкурентна економија, сојузник со демократскиот свет.

И не застануваме тука. Преку конкретни мерки и политики продолжуваме да работиме на остварување на зацртаните цели кои носат придобивки за државата, за економијата, за граѓаните, за сегашните но и за идните генерации.

На прав пат сме. Ги остваруваме стратешките интереси, градиме иднина во НАТО и ЕУ.

Последни вести