Прес конференција, Анета Димитровски, ОО СДСМ Крива Паланка
Почитувани сограѓани!
Владата предводена од СДСМ, уште со самото доаѓање на власт, во континуитет, покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани.
Наш приоритет како Влада е да создадеме квалитетни работни места, да го вратиме достоинството и да обезбедиме секој вработен да биде платен соодветно на својот труд. Воведовме и субвенционирање на придонесите која како мерка ќе овозможи дополнително зголемување на платите.
Мининималната плата не само што ја гарантираме со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори. За само три години од мандатот, минималната плата ја зголемивме неколкукратно и со последните усогласувања изнесува 14.500 денари, што е историско најголемо зголемување од 5.500 денари.
СДСМ, како одговорна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници. Платите во јавното здравство од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат за дополнителни 25% за лекарите специјалисти и 10% за медицинските сестри. На овој начин платите на лекарите специјалисти ќе го достигнат ветениот праг од 100.000 денари. Мотивирани здравствени работници носат квалитетна услуга и задоволни пациенти.
Драги сограѓани,
Уште една потврда дека вистински се грижиме за нашите граѓани е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година. Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто. Нашето мото е: мотивирани и задоволни наставници обезбедува поголем квалитет во образованието и поголема грижа за нашите деца.
Севкупно, наставниците за еден нецел мандат добиваат повисоки плати за 20 отсто, но тука не застануваме.
Почитувани кривопаланчани!
На прав пат сме! Официјалните податоци се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Остануваме посветени да работиме исклучиво во интерес на граѓаните. Градиме конкурентна и развојна економија, вложувајки во човечкиот капитал како генератор на севкупниот развој на државата.