fbpx

Земјоделските политики на прав пат, грант од 3000 евра за жени земјоделки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Јасмина Чакар Андоновски – координаторка на Форумот на жени на ОО СДСМ Ресен

 

Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ гради силна економија која отвара еднакви моности за сите граѓани.

Работи на мерки со кои испраќа јасна порака за економското јакнеење на жената од руралните средини и нејзино вклучување во руралниот развој.

Како резултат на родово одговорните политики и буџетирањето на истите, оваа година, за прв пат ја воведуваме мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“ со која жените претприемачи може да се пријават за грант неповратни средства во износ од 180.000 денари или 3.000 евра.

Огласот е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на кој до 26-ти декември 2019 година сите заинтересирани жени-земјоделки може да аплицираат за оваа финансиска поддршка.

Со добиените средства може да се набави најразлична опрема за постапување со земјоделски и млечни производи.

Со тоа идентитетот и квалитетот на производот кој го произведуваат жените во руралните подрачја ќе дојде да израз, а со тоа се создава и конкурентно земјоделство што е двигател на севкупната економија.

Целта на оваа мерка е поддршка на жената во руралната срединаподобрување на социјалната и економската состојба на жената, зголемување на бројот на регистрирани жени претприемачиА со тоа и подеднаков придонес во развојот на земјоделството.

На ваков начин ќе ги поттикнеме жените претпиемачи да не бидат само дел, туку да се носители и креатори на домашната економија и развојот на руралните средини.

Повеќе пари кај земјоделците и силната финансиска поддршка е уште еден показател дека земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат!

Благодарам!

Последни вести