Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија.
На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски кажа дека бил магистрант и докторант во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие.
Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов.
Фактите потврдуваат, Мицкоски.
Ова е рефератот, Извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во Билтенот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
На ниту едно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија.
Секојдневно се потврдува, Мицкоски е нечесен и неискрен политичар, едно зборува дома друго надвор, лажеше за Договорот со Бугарија, лаже за магистратурата и докторатот.
Ако се дрзнува да лаже за своето образование, колку ли Мицкоски лаже за политика?
Дополнително Мицкоски го омаловажува Универзитетот Свети Кирил и Методиј и Машински факултет.
Или пак Мицкоски се срами затоа станал аситент на факултетот каде професор бил и неговиот татко?
Kариерата на Мицкоски ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка.
Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски?