Прес конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидува зголемување на опфатот на стечајци кои ќе бидат обештетени од државата.
Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минимална плата, одбија да го стават предлогот на гласање, за тој да продолжи во понатамошмна расправа.
ВМРО-ДПМНЕ научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата овојпат на 14.500 денари.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните.
Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски.
11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави истото и како опозиција.
Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работнции кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда.
Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Граѓаните, јавноста го ценат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12 април одново ќе ја поразат нивната антидржавна и деструктивна матрица. Граѓаните на 12 април ќе дадат поддршка на концептот што носи повеќе пари во семејствата и ќе потврдат дека државата е на прав пат.