fbpx

Државата ќе учествува во гасната централа „Александропули“, ја зголемуваме енегертската независност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Далибор Богдановски , член на Комисија за енергетика на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преземаат сериозни, стратешки чекори во обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност.

Со потпишувањето на Меморандум за соработка на АД ЕСМ, АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе стане дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати. Проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Во инвестицијата во гасниот терминал предвидено е да имаме учество од 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра.

Според планот до 2023 година во употреба треба да бидат ставени и гасниот терминал и гасната станица.

Со овој сериозен, капитален проект, создаваме можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за државата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и натаму во регионот.

Оваа инвестиција обезбедува капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без никакви ризици, во следните 15 години.

Со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да добиеме снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други.

Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи.

Природниот гас е исклучително корисен енергенс бидејќи неговата употреба има широк опсег, во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, вклучително и производство на електрична енергија и топлина. Гасификацијата е клучна за економијата и носи придобивки и за граѓаните и за компаниите, но и за животната средина.

Истовремено, овој сериозен капитален проект е потврда за партнерскиот однос на Република Северна Македонија и Република Грција, потврда за добрососедството меѓу двете земји.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува одговорни, државнички политики во делот на енергетиката.

Остануваме посветени на инвестиции во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да обезбедиме поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.

Последни вести