fbpx

Растот на минималната плата на 14.500 денари ќе поттикне раст на сите плати, сите пратеници да го поддржат законот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Бетиане Китев, пратеник од СДСМ

 

 

Почитувани,

Денеска во собраниска процедура велгуваат измените на Законот за минимална плата.

Со овие измени, минималмата плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари.

Со ваквото зголемување, минималната плата за неполни три години ја зголемуваме за 5.500 денари или за над 60 отсто. За потсетување, во 2017 година минималната плата изнесуваше 9.000 денари.

Тоа значи плус над 60.000 денари годишно кај секој работник.

Таквиот раст на минималната плата ја овори спиралата за раст на платите во сите сектори. За нешто помалку од две и пол години, просечната плата е зголемена за околу 2.000 денри. Во истиот период просечната плата во здравството е зголемена за 4.700 денари, во образованието за 2.000, и за над 3.000 денари во преработувачката индустрија и земјоделството.

Платите ќе продолжат да растат во сите сектори, вклучително и во приватниот.

Во таа насока е и предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување што истотака денеска е на дневен ред. Со овој Закон ќе се субвенционираат придонесите за оние кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари.

Ова се особено важни закони со кои ќе се обезбедат раст на платите и повеќе пари кај граѓаните, а тоа ќе значи и придвижување на целокупната економија. Затоа е потребно сите пратници да дадат поддршка на овие законски измени кои се во интерес на граѓаните.

Како парламентарно мнозиство остануваме сериозно поветено на реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

Последни вести