Прес- конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
Расте нервозата во белиот дворец откако Христијан Мицкоски повторно, по којзнае кој пат не успеа да го одбрани криминалот.
Ниеден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации.
Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации.
Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери.
Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега.
Токму заради таквото однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнувани од граѓаните на избори и токму заради таквоот однесување уште долго ќе останат во опозиција.
Затоа што освен одбрана на криминал и ширење лажни вести ништо друго не знаат и не можат да понудат.