fbpx

10.000 домаќинства ќе добијат субвенција од 1.000 евра за набавка на еколошки клима инвертери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Иван Трпески, член на Комисија за енергетика на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
 
СДСМ како одговорна партија продолжува со интензивно исполнување на ветувањата дадени во „План за живот“
 
Преку низа конкретни мерки го подобруваме секојдневниот живот на граѓаните.
 
СДСМ е силно посветен на борбата против аерозагадувањето, се преземаат мерки на справување со изворите на загадувањето.
 
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за субвенционирање на граѓаните за набавка на еколошка инвертер клима за домаќинствата кои се греат на нееколошки енергенси и уреди.
 
10.000 домаќинства од Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да добијат субвенција од 1.000 евра за набава на инвертер клима.
 
Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој проблем, денес Владата предводена од СДСМ во соработка со локалната власт интензивно работи на справување со проблемот за загадување на воздухот.
 

Нови еколошки автобуси, субвенции за електрични возила, електрични тротинети, велосипеди, вградување на плински уреди во возилата,г реење на палети, субвенции за инвентори, зголемен инспекциски надзор на диви депонии и палење на стрништа, се дел од мерките кои СДСМ ги превзеде против аерозагадувањето.
 
Исто така интензивно се работи на гасификација.
 
Мерките за справување со аерозагадувањето се на прав пат.
 
СДСМ воведе нов пристап во борбата против загадувањето на воздухот, преку транспарентна имплементација на мерки на долг рок во сите области кои директно имплицираат на загадувањето на воздухот.
 
Остануваме посветени да обезбедиме здрава и квалитетна животна средина и подобар живот за сите граѓани.
Последни вести