fbpx

Благодарност до граѓаните за големата поддршка, масовното присуство на трибината покажа, Струмица е на прав пат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Марјан Даскаловски –  претседател на ОО СДСМ Струмица 

 

Почитувани граѓани,

Синоќа Струмица уште еднаш покажа и докажа дека е на правиот пат, патот на слободата, демократијата, прогресот, правдата, членството во ЕУ и НАТО и пред се, докажа дека беше и е чувар на сите овие вредности.

Полната сала „Парк“, победничката атмосфера и секако желбата да се биде дел од правиот пат не прават горди на сето она што е постигнато во Струмица во изминатиот период, но и тоа што следува.

Затоа, во мое лично име и од името на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви благодарам за вашето присуство, за споделената енергија и континуирата поддршка што ни ја давате.

Нашата Струмица од 2005 година чекори по правиот пат, по патот на слободата и оттука тргна урнувањето на режимот. Тоа никогаш да не го заборавиме, бидејќи и синоќа беше силен повикот до сите дека Струмица знае и може, Струмица мобилизира, Струмица памти, Струмица е на правиот пат!

Затоа, од Струмица ќе тргне победата на 12 април. Оттука уште еднаш ќе се развиори знамето на прогресот, на правиот пат, знамето на обединувањето и трасирањето на патот на уште една победа, која можат да ја донесат само тие кои не гледаат назад, туку напред кон иднината.

Почитувани граѓани,

Синоќа беше голема чест и гордост да се биде дел од тој величествен настан. Настан, кој долго ќе остане врежан во нашата меморија како почеток на новиот чекор со кој нашата земја е рамо до рамо со најразвиените европски демократии и членка на најсилниот воен сојуз-НАТО.

Затоа, цврсто потврдуваме дека за нас нема друг пат, освен по тој по кој што се движиме, а синоќа уште еднаш потврдивме дека сме на прав пат.

Последни вести