fbpx

СДСМ ги поддржува младите и спортот, за прв пат од осамостојувањето нова спортска сала во Струга

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Струга

Почитувани,

Владата на СДСМ продолжува да работи во интерес на јавното добро и да ги исполнува ветувањата и обврските кои како одговорна партија ги презеде кон младите и спортот. Ние инвестираме во иднината, во здравиот живот и во сето она што го подобрува квалитетот на животот за младите во Струга.

После пуштањето во употреба на новите простории на едриличарскиот клуб Снегар и почетокот со градба на пливачкиот базен, наскоро во Струга, за прв пат од осамостојувањето ќе биде пуштена во употреба нова спортска сала, во рамките на СОУ Нико Нестор. Новиот спортски локалитет ќе им овозможи на младите, но и на сите стружани нов, модерен простор за спортување, рекреација и место каде што ќе се раѓаат новите спортски легенди, кои Струга секогаш ги имала во изобилство.

Истовремено Агенцијата за млади и спорт ќе одвои дополнителни 4 милиони евра од буџетот, за спортистите и спортските работници во форма на ваучери, со што се доаѓа до вкупната бројка од 10 милиони евра, кои само преку една мерка на Владата на СДСМ се вложуваат директно во спортот за една година.

Со грижата за младите, нашето најголемо богатство, покажуваме дека ова е правиот пат кој нашата држава ја води кон светла иднина.

 

Последни вести