fbpx

Николоски молчи за неговата наводна поврзаност во скандалот ,, Кавијар дипломатија” со што го руши угледот на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани,

Измина една недела откако реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми открија нов меѓународен скандал каде се споменува и името на пратеникот и партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Освеш штури оправдувања, Николовски не се изјасни за објавените наводи според кои постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан.

Според јавно објавените сведоштва, дел од пратениците во мисијата добивале пари, накит, скапи подароци, ноќевања во луксузни хотели за да ги квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски.

Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој велел дека се е во ред, иако според меѓународни организации и институции тие избори биле квалификувани како нелегитимни и репресивни.

За овој случај италијански пратеник кој бил дел од Мисијата пред неколку месеци во Италија бил осуден на четири години затвор заради примање мито од Азербејџан.

Николоски молчи и не излегува пред јавноста да одговори за овој скандал наречен „кавијар дипломатија“ кој го руши меѓународниот углед на нашата држава.

Не е првпат Николоски со своето однесување да направи огромна штета на државата. Овој човек беше демантиран од Обединетите нации, беше демантиран од странски амбасади, демантиран од странски инвеститори.

Затоа Николоски мора да се изјасни за скандалот „кавијар дипломатија“ а потоа и да си даде оставка од позицијата во Националниот совет за евроинтеграции .

Пратeничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг пратеник кој ќе го замени, затоа што недозволиво и штетно по државните интереси е во ова важно тело да имаме претставник за кој постојат сомневања дека е дел одмеѓународен скандал.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да го загрозуваат меѓунардониот углед на Република Северна Македонија.

Последни вести