Прес конференција, Марјан Даскаловски – претседател на ОО СДСМ Струмица
Почитувани граѓани,
Нашата Струмица од 2005 година чекори по правиот пат, по патот на слободата, демократијата и прогресот. Во изминативе 14 години докажавме дека чекориме исправени и горди, бидејќи такви не прави единствената цел кон која се стремиме-да направиме општина по мерка на сите и општина која секогаш е прва, а сега и држава членка на НАТО и земја која цврсто чекори кон евроинтеграциите, по пат кој носи раст на платите, градежна офанзива и пари назад кај граѓаните.
Затоа, Ве повикувам во што поголем број да дојдете на граѓанската трибина в недела во Салата „Парк“ со почеток во 19 часот и уште еднаш да потврдиме како и многу пати досега дека Струмица знае и може, Струмица мобилизира, Струмица памти, Струмица е на правиот пат!
Почитувани граѓани,
Ние немаме друга алтернатива освен членството во НАТО и ЕУ и не прифаќаме квази сојузи како што најавуваат некои од ВМРО-ДПМНЕ, кои прават се да се врати времето кога државата беше заробена и сите институции беа ставени во функција на сегашната опозиција.
СДСМ започна караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ на територијата на целата држава. Задутре караванот ни доаѓа во нашата Струмица и ќе бидеме горди што меѓу нас ќе се премиерот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, потпаролот на партијата и пратеник, Костадин Костадинов и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
Дојдете сите заедно да продолжиме по трасираниот прав пат и сите заедно да докажеме дека цврсто чекориме по него.
Дојдете да дадеме поддршка за политиката и заложбите кои Република Северна Македонија ја движат по прав пат, пат на слободата, правдата, еднаквоста и сигурноста, пат кон ЕУ и НАТО.