Прес-конференција на СДСМ, Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти режимската, насилничка матрица.
Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место.
Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска.
Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата.
Со своето однесување Мицевски потврди дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април.
Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа, вознемирува и навредува жени, не е прв пат оваа партија да ограничува слобода на говор.
Насилството, шовинизмот, автократијата со години се обележја на оваа деструктивна и ненародна партија предводена од Христијан Мицкоски.
Затоа се таму каде што се, во опозиција, препознаени од граѓаните како деструктивен елемент кој дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата.
Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат.
Токму заради таквиот однос шест пати се казнувани на избори и ќе продолжат да бидат казнувани од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски, уште долго ќе биде опозиција.