fbpx

Обнова на објектите и подобрување на условите за претстој во детските градинки во Гевгелија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Гевгелија

 

Почитувани граѓани на општина Гевгелија

Да се гради иднината , значи да се вложува во сегашноста.

Најмладите, нашите идни градители го заслужуваат тоа.

За СДСМ врвен приоритет е да се создаваат и подобруваат условите за правилен раст и развој на децата.

Можноста за реализација на многу проекти во градинките во минатото ја имаше секој, но проектите денес веќе да се реалност ја има само СДСМ.

 

Почитувани,

Ликот и условите за работа во објектите кои нудат грижа, навики за здрав и правилен воспитно – образовен процес на детето денес со сигурност се менува.

Локалната власт предводена од СДСМ и коалицијата и градоначалникот Поцков домаќински и одговорно создадоа нови услови за работа и пријатен престој, грижа, нега и воспитување на децата .

Дотраената надворешна дрвена столарија денес е заменета со ПВЦ столарија во централната детска градинка „Детска радост“,како и во детската градинка во с. Негорци- донација од УНХЦР и Данскиот совет за бегалци.

Денес просториите во градинките се збогатени со нов ентериер- пластични масички и столчиња во разни бои, во сите објекти : детската градинка „Цветови“, детската градинка„Сончогледи“, детската градинка „Негорци“ и детска градинка „Миравци“.

Почитувани , вистинскиот пат е правиот пат кој не води кон целта.

Новоотворените јаслени групи во објектите -детска градинка „Цветови“, и детската градинка „Негорци“се одлична можност за работна ангажираност и подобри услови на живот на младите родители а во тек е опремување на просторија за отварање на нова јаслена група и во с.Миравци.

Здравјето, безбедноста и условите во детските градинки во општина Гевгелија како на децата така и на вработените денес се на завидно ниво.

-Реконструирани се санитарните јазли во Централната градинка „Детска радост“ и објектите „Сончогледи“, и „Цветови“

-Изградена е патека со бекатон плочки за потребите на децата и родителите, во објектот “Сончогледи“

-Климатизирани се сите простории во детските градинки, како и заменети се сите дотраени климатизери.

-Целосно оградување на детската градинка во с. Миравци

-Обезбедени се значителен број на нови техички апарати во кујната на Централната градинка„Детска радост“ .

Растот на платите од околу 21% во детските градинки денес се мотив за квалитетен и професионален пристап кон работата.

Замената на дотраениот под со ламинат во сите простории на „Детска радост“, „Цветови“, „Сончогледи“ како и детските градинки во с. Негорци и Миравци се само потврда дека СДСМ и локалната власт се НА ПРАВ ПАТ .

Ви благодарам.

 

Последни вести