fbpx

Мицкоски ги поддржува ставовите на Василевска, тие се дел од антизападното делување на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

 

Почитувани,

Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови.

Јасна е разликата помеѓу антидржавното и антизападното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и интегративните и развојни полиитки на СДСМ.

СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и подлеби, за квази сојузи и анти западни политики.

СДСМ останува посветена на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат посветени на обнова на режимот и криминалот.

Со таква понуда Мицкоски ќе доживее нов пораз на изборите на 12 април, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат неговите деструктивните политики и ќе потврдат дека државата е на прав пат.

 

 

 

Последни вести