Прес конференција, Марија Костова, претседателка на Форум на жени при ОО СДСМ Штип
Почитувани,
На граѓаните на нашата земја кои посакуваат раст, развој и просперитет на државата, не им се потребни лажните ветувања за обнова од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните нема да дозволат обнова на криминалот, физичките напад, затворања на медиумите и угнетување на слободата.
Граѓаните ги отфрлаат лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат обнова на милионските фасади од стиропор, на жалните врби во Вардар, на изветвеаните, а изгор скапи и целосно непотребни споменици.
Граѓаните ги препознаваат придобивките кои ги уживаат заради одговорното и домаќинско владеење на СДСМ:
Покачена минимална и просечна плата
Повисоки пензии
Субвенции за зголемување на платите
Лекови за сите граѓани
Изградба и реконструкција на 500 км патишта
Зелена нафта за земјоделците
Намалени казни и трошоци за извршители
Евтина тарифа на струјата
Укината радиодифузна такса
Повисок и навремен поврат на ДДВ кон фирмите
Поврат на ДДВ за граѓаните преку Мој ДДВ
Обештетување на десетици илјади стечајци
Раст на економијата
Трикратно зголемени приливи од странските директни инвестиции
Редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите
Граѓаните ги препознаваат успесите кои СДСМ ги остварува на локално ниво:
Нова детска градинка
Платформа за паркинг
Брана на река Отиња
Гасификација на Штип
Мост на река Брегалница
СРЦ Суитлак
Намалена цена на вода за пиење
Водоводна линија за населба Балканска
Реконструирани и изградени нови улици
Реконструирани и безбедни училишта
Реализација на многу суштински значајни проекти, а на задоволство на сите штипјани
Почитувани,
Штипјани нема да дозволат обнова на криминалните практики на оние кои угнетуваат, напаѓаат, на оние кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата.
Штипјани нема да дозволат обнова на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Штипјани се приклучени на сигурниот, на брзиот, на правиот пат. Така ќе се постигне уште повеќе, за нашите деца, за нашата земја, за подобар живот.