Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПММНЕ.
Ете што значи обновата на режимот, обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците.
Обнова на физички напади и апсења на новинари и брутални упади и затворања медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата.
Тоа е потврдено и со последните изјави на европски лидери кои ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат како анти-ЕУ опозиција.
Дури и ЕПП групата на народни партии денеска потврди дека одлуката на Франција да не дозволи почеток на преговорите е „сратешка грешка“ што е во директна спротивност на ставовите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не сакаат интеграција во ЕУ и НАТО тие сакаат да се врати криминалниот режим, мракот и изолацијата.
Но тој филм Мицкоски нема да го гледа.
Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и погубните политики на бегалецот од Будимшпешта. Граѓаните, повторно ќе ги поразат деструктивните, антинародни и антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
На 12 април, граѓаните масовно ќе одлучат да продолжиме на прав пат, на патот на развојот, демократијата, напредокот и интеграцијата во НАТО и ЕУ.