Прес конференција, Бобан Видоески – претседател на ОО СДСМ Тетово
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Власта предводена од СДСМ досега макотрпно работеше на многу реформи со цел подобар живот за сите граѓани.
Имено, денеска сме сведоци на многу спроведени реформи и мерки во здравството, социјалната заштита за сите категории на граѓани на кои им е потребна, покачувањето на платите и многу други мерки кои се во интерес на граѓаните.
Ветивме континуирана работа на терен за да ги слушнеме граѓаните и нивните потреби. По тој повод, како и секогаш поблиску до граѓаните,
Ве повикувам сите да дебатираме, да разменуваме идеи за доброто на оваа земја. Сите, да се обединиме без оглед на нашата партиска, национална и верска припадност, за изнаоѓање на заеднички решенија за да останеме на правиот пат. Патот на реформите и интеграциите.
Ве повикуваме да присуствувате на граѓанската трибина заедно со министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз Костадин Костадинов.
Која ќе се одржи во вторник на 22 октомври со почеток во 20:00 часот во центарот за култура Иљо Антески Смок.