Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори.
Тоа што Мицкоски не прифати избори во декември кажува дека се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз.
Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април.
Во изминатите 2 години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против рефромите, против напреодкот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Единствените кои се радуваа на историската грешка на Самитот во Брисел беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои 11 години ја држеа земјата во изолација, далеку од демократскиот свет.
За 2 години ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту една идеја, нема програма, ниту визија.
Тие нудат само обнова на режимот и криминалот.
Ние сме со граѓаните постојано на терен. Од нив ја црпиме силата, со нив заедно на 12 април ќе го потврдиме патот по кој одиме.
Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните.
Граѓаните не сакаат и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на режим, криминал и неизвесност.
На 12 април одиме на голема победа за да продолжиме по вистинскиот пат.