На 27 април се случи терористичко загрозување на уставниот поредок, тоа е потврдено и со судски пресуди

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

П: Коментар за ставот на претседателот Пендаровски дека осудените од 27 апирл не се терористи?

Она што се случи на 27ми април беше рушење на уставниот поредок, сите бевме сведоци што се случи пред четири години, дека беше напад на домот на демократијата и за тоа си следеше судска постапка каде веќе делото е завршено и судот е оној којшто треба да одлучи дали станува збор за тероризам, насилство …., а веќе има одлучено и тоа е веќе завршена процедура во судството.