fbpx

СДСМ Штип: Исплатени субвенции за органско производство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Ленче Рунтева – членка на Комисија за земјоделство при ОО СДСМ Штип

 

Почитувани,

Земјоделците во нашата држава непречено ја добиваат поддршката од државата. Субвенциите се исплаќаат навремено и стигнуваат до вистинските земјоделци.

Минатата недела, Агенцијата за финансиската за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 638 лица исплати близу 82.724.000 денари за одгледувачите на органско производство.

Во штипско-карбинскиот регион оваа мерка ја искористиле 118 лица кои поднеле барање и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои аплицирале за „Мерката 215 Органско производство“.

Средствата се исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат поледелски и градинарски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци, говеда и пчели, а согласно програмата за рурален развој.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни.

Владата предводена од СДСМ го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

Последни вести