fbpx

ОО СДСМ Тетово се приклучи на денешната еко-акција за чистење на Попoва Шапка, за чиста и здрава околина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Прес конференција, Живе Алексовски, координатор на советничка група на СДСМ, Совет на Општина Тетово
 
 
Почитувани,
 
Тетовчани денес покажаа колку ја сакаат и се гордеат со Попова Шапка, за тоа говори и бројот на граѓани кои се приклучија и учествуваа на денешната еко-акција за чистење на Попoва Шапка, организирана од страна на  Општинската организација на СДСМ Тетово.
 
За чиста и здрава животна средина подеднакво одговорност имаме сите. Со преземање на одговорност и грижа за природните богатства со кои располагаме се приклучуваме на современото европско живеење.
 
Грижата за Попова Шапка ја покажавме и преку реконструкцијата на единствениот пат кој води до Попова Шапка.
 
Новиот шестосед кој ќе ги опслужува скијачите на нова модифицирана скијачка рута преку Ге, Аеродром, Поток, Срт, Мал Јелак и пола Церипашина, со што се добива комплетно скијачко и рекреативно доживување на нашиот планински бисер.
 
Исто така се усовршува и надоградува системот за ски билетите.
 
Да го вратиме сјајот и приматот на Попова Шапка како врвен зимско-рекреативен центар, и да посакаме снежна и успешна сезона.

Последни вести