fbpx

Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, СДСМ продолжува со грижа за пациентите и го унапредува здравствениот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ продолжува со реализација на мерките од „Планот за живот“ кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани.

Го исполнивме ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт, решивме деценски проблем.

Граѓаните веќе не мора да се грижат дали ќе можат да го подигнат соодветниот лек, бидејќи со оваа мерка можат да го подигнат лекот во која било аптека, кој било ден од месецот.

Укинувањето на квотите за лековите на рецепт директно влијае да се намалат турканиците кај матичните лекари и аптеките на почетокот на секој месец.

Преку оваа мерка се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби преку издавање на фиктивни рецепти.

СДСМ со конкретни мерки и реформи ја зголемува грижата за пациентите и го враќа достоинството на здравствените работници.

Од минатата година па до денес, покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.

Со ребалансот на буџетот, од 1 септември ги зголемуваме платите во здравството за дополнителни 5%.

Остануваме посветени да го реализираме нашето ветување, до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем и грижата за сите граѓани.

Последни вести