fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и нудат само обнова на режимот и изолациите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани сограѓани,

Денес, во Битола, на разговори со Битолчани доаѓа Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и протежето на пребеганиот Груевски, кои се најодговорни за ситуацијата и состојбата во која што нѝ ја оставија Битола, урнисана, и ограбена.

Во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, ниту имаше правда, ниту се грижевте за граѓаните, како што можевме и да се увериме, ниту пак имавте идеја за подобрување на животниот стандард и животниот квалитет на граѓаните! Единствената идеја која ја имавте е како да крадите и како да ги трошите парите на граѓаните за партиски и сопствени цели. Ако некој кршеше закони, тоа сте Вие! Ако некој рушеше, тоа сте Вие! Се обидувате, неуспешно, да ја срушите европската иднина на Република Северна Македонија и да застанете на патот на вистинскиот напредок на својата татковина! Тоа го докажуваат сите ваши постапки во изминатиот период.

Ветувате обнова на разрушеното, обнова на принципи, на идеја, идеологија и верување! За какви принципи ќе зборувате, Мицковски? Зарем не се срамите? За следење на насоките од Будимпешта од Вашиот ментор? Тој е доказ, г-дине Мицковски, дека Вие и вашата партија, ДПМНЕ, и тоа како бегате од проблемите и разврските и немате кредибилитет да разговарате за обнова, излегување од очај, за сивило, неработење, неспособност.

Лицемерно е ДПМНЕ и Мицковски да разговараат за обнова на Битола, бидејќи за тоа имаа на располагање 12 години.

Последни вести