fbpx

ОО СДСМ Битола се приклучува на големата еко акција за чистење на дивите депонии во Битола

Facebook
Twitter
LinkedIn
Почитувани, 
 
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска докажуваат дека се грижат за животната средина и здравиот живот.
 
Покрај многуте проекти кои оваа локална власт ги направи, како субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен, изградба на колекторскиот
 
Систем за собирање на отпадните води од Потпелистерието, чистење на обиколницата на магистралниот пат Прилеп-Ресен и уште ред други активности кои се тековни и кои секојдневно се завршуваат, денес сме тука
 
Да го повикаме локалното население да се приклучи кон оваа акција за и самите да дадат придонес за почиста и поздрава животна средина. 
 

Оваа сабота, на 28ми септември, ЈП “Комуналец” со поддршка на јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, ќе биде носител на голема акција за чистење на дивите депонии. Ќе се чисти на локалцијата Тепсија на
 
Баирот,  во населбите Боримечка и Буковски ливади, во атарот на средношколскиот интернат, во Новиот пазар кон Техничкото училиште. 
 
Ги покануваме граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и да покажат дека заедно можеме повеќе!
Последни вести