fbpx

Со планот за чист воздух бесплатна замена на печките на дрва со инвертори во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Слободан Зафировски – член на ИО на ОО СДСМ Тетово

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиуми,

Скоро милијарда евра потроши претходната власт за гипс картони и лични фрустрации и соништа на нивниот почесен лидер, кој поради неговата чесност моментално се наоѓа во Будимпешта. Но ништо не превзеде за да спречи граѓаните да се гушат во сопствениот воздух.
Само да потсетиме во Тетово во 2015 година беа измерени рекордно високите 553 микрограми пи ем 10 честички.

После десетгодишното палење на отпадот од дивата депонија во Тетово, чии што отровни гасови ги дишеа, молчеа и високите функционери од ОК ВМРО ДПМНЕ почнувајќи од Ружа Ѓорѓевска, па се до Горан Манојловски, кој за да иронијата биде поголема е и лекар.
Со кое право Вмро Дпмне говори за загадувањето?

Веднаш по првата година од владеењето на СДСМ, државата покажа општествена одговорност, и да не заборавиме премиерот Зоран Заев директно учествуваше во решавањето на овој горлив и катастрофален проблем на Тетовчани. Чистиот воздух е една од главните компоненти кој за жал, историски гледано во последните децении бележи високи вредности.

 

За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање и други релевантни институции, во изминативе години спроведоа бројни анализи и студии.

Согласно студиите, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз спроведува низа мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Тетово како град со високо аерозагадување е опфатен во тие мерки.Согласно “Планот за чист воздух”на Владата, се спроведува мерка за намалување на аерозагадувањето преку набавка, поставување и инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија од Полошкиот регион.

Уште една мерка која се превзема во борбата со аерозагадувањето е и доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високоефикасни ИНВЕРТЕР клими за граѓаните на општина Тетово.

За начинот на кој ќе се спроведе и имплементира оваа мерка, граѓаните ќе бидат дополнително и навремено информирани.

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани.

Спроведуваме план за чист воздух за сите!

 

 

Последни вести