fbpx

Веродостојноста и автентичноста на бомбите е потврдена, јавноста ја слушна целата вистина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

П: Како гледате на сведочењето на Верушевски кој е ваш кадар, дека прислушкуваните матријали биле модифицирани што оди на линија на она дека биле сечени – лепени и монтирани?

Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите матријали, дополнително имајќи ја во предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО.

Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако знаеме дека сега се е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК.

Последни вести