fbpx

Со ребалансот 300 милиони денари за поврат на ДДВ, парите назад кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата

Почитувани,

Ребалансот на буџетот ја потврдува заложбата на СДСМ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.

Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните.

Мерката Мој ДДВ која е е едно од клучните ветувања дава одлични резултати. Досега за помалку од три месеци, скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 2.666.000 евра.

Тоа значи дополнителен приход во секое семејство, што ќе ја подобри куповната моќ и ќе влијае врз зголемување на потрошувачката.

Само во првите два месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година.

Освен кај граѓаните, расте повратот на ДДВ и кон компаниите.

Годинава, заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Почитувани,

Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките кои ги намалуваат трошоците и обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

За нас зборот важи, парите ги насочуваме кај граѓаните.

 

Последни вести