fbpx

Се грижиме, лична асистенција и за деца од 6 до 18 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Владимир Бислимовски, член на Комисија за труд и социјална политка на СДСМ

Почитувани граѓанки и граѓани, почитувани претставници на медиумите

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, како и за лицата со попреченост.

Заложбата за целосна општествена и институционална инклузивност ја преточуваме со конкретни чекори во политики и законски решенија.

Драстично го зголемуваме опфатот на лица корисници на услугата лична асистенција. Наместо досегашната граница од 18 години ја симнуваме на 6 годишна возраст.

Ова ќе значи дека дополнителни 200 корисници на возраст од шест до 18 години да добијат лични асистенти.

За овие законски измени предложени од МТСОП очекуваме силна поддршка.

Услугата лична асистенција која за прв пат беше воведена во 2018 година, преку Програмата за персонална асистенција за лицата со попреченост за 2018 година.

Во 2019 година, личната асистенција е вклучена помеѓу социјалните услуги предвидени со новиот Закон за социјалната заштита.

Оваа услуга може да се користи до 80 часа месечно, додека додека поранешни корисници сместени во резиденцијалните социјални институции услугата ќе биде обезбедена до 160 часа месечно, бидејќи на овие лица им е потребна поголема поддршка по излегувањето од институцијата.

Истовремено, министерството за труд и социјална полтика заедно со УНДП работи за успешно воведување на мобилната апликација аудио читач за слепите лица со кој ќе им се овозможи послободно движење во просторот и посамостојно извршување на секојдневните активности.

Почитувани,

За нас секој е важен. Продолжуваме посвтено да работиме и на други проекти кои значат поддршка за лицата со попреченост со цел да се придонесе за целосно вклучување на овие лица во општественото живеење.

Благодарам

 

Последни вести