fbpx

Што сака да сокрие Мицкоски, линковите со Орце Камчев или неговата улога во Рекет?

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Изјава за медиуми на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски повторно бега од јавноста, бега од граѓаните.

Мицкоски не одговара на јавно поставено прашање: дали Орце Камчев, тајкун од режимот и обвинет во предмети на СЈО, финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема одговор ниту од Игор Јанушев, потписник на сметката на партијата.

Но, видовме дека Орце Камчев, рипна да го брани, но молкот на Мицкоски, Јанушев, молкот во ВМРО-ДПМНЕ зборува многу.

Да потсетиме, исто така молчеше и кога го пршувавме за неговите средби со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот познат како “Рекет“, за да на крај излезе и одговори дека всушност средба имало.

Почитувани граѓани, 

Останува прашањето: што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет“?

Дали се тоа линковите со Орце Камчев или можеби неговата улога во овој случај?

 

Последни вести