Изјава за медиуми, Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Како одговорна партија посветени сме на спроведување мерки што обезбедуваат подобри услови за младите и намалување на младинската невработеност.
Последни во низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои се обезбедува преквалификација на 1.253 невработени млади лица.
Целта на мерката е да се надградат вештините на невработените млади до 34 години во област која моментално е атрактивна на пазарот за труд и која нуди доброплатени работни места.
За оваа мерка обезбедени се 35.1 милион денари за ИТ обуки годинава, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната година кога беа издвоени 8.5 милиони денари.
Според официјалните податоци, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за ИТ компании кои се повеќе инвестираат и пружаат можности младите брзо да најдат вработување или да отворат сопствен бизнис.
Покрај ова, со ребаланс на буџетот, обезбедивме дополнително 200 милиони денари за активни политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.
Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите, за тие својата иднина да ја гледаат овде, во својата татковина.