Прес конференција, ОО СДСМ Тетово
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани.
Власта предводена од СДСМ продолжува со реализација на дадените ветувања.
Деновиве се започна со чистење на патот Тетово – Гостивар. Под тоа се подразбира : косење на трева и плевел грмушки. Кастрење на гранки и сечење на дрва во патниот појас.Како и чистење и собирање на смет.
Оваа делница е предвидено да стане стандарден автопат со по три коловозни ленти во еден правец.
За таа цел се изработува проектна задача на Градежниот факултет во Скопје од каде се нудат алтернативни решенија.Според нив се предвидува лентите да бидат широки 3.75 метри со 3.5 и 2.5 метри.
Освен патот Тетово -Попова Шапка кој веќе е во процес на реконструкција, во Тетово и Тетовско ке се реконструираат и други патни правци.Како патот Карпалак -Желино во должина од 16км .Следи и тендерска документација за патот Желино -Јегуновце.Со средства на јавното претпријатие за државни патишта се работи и на делницата Непроштено-Пршовце. Преминот Вратница-Јажинце. Исто така на правецот Тетово
-Порој по поставувањето на атмосферска канализација ке се пристапи со асфалтирање и отстранување на грпките на истиот.
Градиме по план,инфраструктура за сите, ја приспособуваме целата урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните!