fbpx

Градиме по план, изградба на фекална и атмосферска канализација и нов асфалт на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Локалната Власт предводена од СДСМ продолжува со низа активности кои го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Општина Центар го решава долгогодишниот проблем на нашите сограѓани од Маџир маало.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, по добиен грант од нивна страна почнуваме со изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа.

 

Досега, жителите на оваа стара и позната скопска населба беа приморани да користат септички јами поради неизградената канализациона мрежа.

По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2700 метри квадратни.

Градиме по план и обезбедуваме безбедни и сигурни коловози.

Градоначалникот и советниците во Општина Центар, како и досега продолжуваат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

Зборот важи!

 

 

 

Последни вести