fbpx

Нов инвестициски циклус во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на економијата, отворање нови работни места и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани.

Во услови кога здравствената криза одминува следува голем инвестициски циклус, на десетици и десетици проекти.

Интервентниот план за инвестиции – ИПИ 2021-2027 е јасен и одлучен чекор преку кој го трасираме патот на силен раст и развој на македонската економија.

Сериозен план за инвестиции во десетици и десетици проекти во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра.

Проекти има многу, ќе споменам само дел:

Пречистителната станица во Скопје, проект вреден 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година. Над 70 милиони евра за проектот се грант од Европската Унија.

Инвестиција на германски „Лидл“ во Скопје и уште во 7 други градови во вредноста од 300 милиони евра.

На еколошки начин, во Неготино ќе се произведува струја од отпад, трајно се решава проблемот со отпадот за дури 48 општини. Инвестиција вредна 336 милиони евра.

Скијачки центар Попова Шапка, во вредност од 100 милиони евра.

Туристички центар Царев Врв на Осоговските планини, по принцип на јавно приватно партнерство во вредност од околу 50 милиони евра.

Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, проект вреден околу 500 милиони евра.

Три ветерни паркови вредни 110 милиони евра во Богданци, Свети Николе и Демир Капија.

Фотонапонска електрана од 100 мегавати со јавно-приватно партнерство во Осломеј.

Историскиот „Чебрен“ инвестиција која се очекува да биде помеѓу 500 и 800 милиони евра.

Германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра.

Преку 2,7 милијарди евра инвестиции во железничката и патната инфраструктура во пеиорд од 2021-2027. И многу други.

Планот опфаќа инвестиции во преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура, водоводи и канализации, туризам, но и многу други проекти.

СДСМ како одговорна партија креира и реализира мерки и политики за поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашето стопанство, за подобар живот на сите граѓани.

 

Последни вести