Изјава за медиуми, Ферат Асан, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари
Почитувани граѓани,
Општина Шуто Оризари по долги години добива вистински урбан изглед.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство посветено работат на унапредување на условите во кои престојуваат најмладите и се грижи за детскиот развој.
Имено, граганите на Општина Шуто Оризари добија модерно уредена градинка по сите современи стандарди.
Градинката ,,8-ми Април” во Шуто Оризари e една од наjдобрите образовно-воспитни институции за предшколско образование. Ново изградениот објект располага со кат каде што ќе се одвива дневниот престој на децата, втор кат предвиден за лоцирање на административните канцеларии на вработените и повеќе наменско поткровје каде што може да се планира реализација на детски креативни работилници.
Исто така градинката располага со два зелени покриви -,,green roof”’, лифт и двор.
Владата предводена од СДСМ продолжува вистински да се грижи за сите граѓани.