Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември – Денот на независноста.
Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да сее омраза и да поттикнува насилство.
Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Австралија.
ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти.
Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува деструктивно, на штета на граѓаните и државата.
Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза помеѓу граѓаните и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО.
Полека но сигурно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се претвораат во грчката Златна Зора.
Наместо да се приклучат кон процесот за обезбедување на сигурна иднина за земјата тие разгоруваат национализам и потхрануваат лажни очекувања кај своите гласачи.
Ниту Мицковски, ниту Груевски не можат да ги вратат процесите назад.
Тешка лага е дека ќе го поништат Преспанскиот Договор.
Така зборуваа и за Времената Спогодба па не само што ја прифатија туку и ја прогласија за дипломатски триумф.
ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација.
Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец.