Прес конференција, Лидија Србиновска – портпарол на ОО СДСМ Ресен
Почитувани сограѓани,
Владата предводена од СДСМ преку проектот „Зелена нафта“ покажа и докажа дека се грижи за земјоделците.
ЗборотВажи! Одржано е и реалзиирано уште едно предизборно ветување преку кое кај земјоделците ширум нашава држава се враќаат 200 милиони денари.
Од први август оваа година, започна реализацијата на проектот „Зелена нафта“, преку кој над 2.156 зелени картички со вкупна вредност од околу 7,5 милиони денари се доделени на земјоделците.
Почитувани сограѓани, со овој проект Владата на земјоделците им помага да ги намалат трошоците, да ја зголемат конкурентноста, а со тоа во домаќинствата да имаат поголеми приходи.
Главната цел на Владата предводена од СДСМ е преку аграрни реформи да ги подобри условите на земјоделците, да ги намали трошоците и да ги зголеми приходите.
Ви Благодарам.