Прес-конференција, Јована Тренчевска, членка на Извршен одбор на СДСМ
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните, ги реализира мерките и политиките што обезбедуваат подобри услови за работа на работниците.
Владата го усвои предлог Законот за работнитe односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври оваа година. Сега тој треба да влезе во собраниска процедура.
Измените на Законот кои се изработени со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, предвидуваат недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.
Но,овие работници за својата работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница, а дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.
Според направените анализи, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92 отсто од работниците во државата
Истовремено, со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи се работи за дејност која не може да се прекине.
Спроведување на Законот ќе биде под контрола на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочен платен налог.
Почитувани,
Работниците се двигател на секоја економија. Како социјалдемократска партија постојано сме посветени на унапредување на работничките права и условите за работа на работниците.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат придобивки за граѓаните, за економијата, за државата.