fbpx

Над 4.7 милиони денари ќе се вратат кај околу 5.000 струмички земјоделци преку мерката зелена нафта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Венерка Ристовска – портпарол на ОО СДСМ Струмица

 

Аграрот во нашава земја доживува значителен прогрес, а интересот на македонските земјоделци, како никогаш досега,  станува врвен приоритет на нашата Влада и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводени од СДСМ. Предизборните ветувања стануваат наша убава реалност преку реализација на низа позитивни мерки, а на задоволство на сите земјоделски производители. Со таквите мерки земјоделците имаат рентабилно и конкурентно производство на нашиот и странските пазари, а со тоа генерално се зголемува и нивниот животен стандард.

Една од тие владини мерки е и „зелена нафта“ која официјално стартуваше на 1. Август и која несомнено ќе ги даде посакуваните резултати. „Зелена  нафта“ е мерка која предвидува набавка на „евро дизел“ гориво за земјоделската механизација , по цена која е пониска од вообичаената за цели 30 %.  Со оваа мерка се опфатени 55.000 земјоделци при што над 3 милиони евра или 200 милиони денари се враќаат назад кон земјоделците. Ресорното министерство овие средства ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Од навените бројки 4942 струмички земјоделци ќе добијат картички, а вкупната сума на средства изнесува 4.750.398 денари. Досега 650 земјоделци ги подигнале своите картички, а овој број од ден на ден постојано расте.

Сето тоа значи дека за Владата предводена од СДСМ, зборот е збор, а зборот ќе биде збор и во периодот кој следува. Интересот на земјоделците и понатаму останува во фокусот на владините активности, со крајна цел – СРЕЌНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО СРЕЌНА ЗЕМЈА.

 

 

Последни вести